Градоначалникот на Тетово Биљал Касами со амбасадорот на Албанија Денион Мејдани делеше унифициран буквар на албански јазик во ОУ „Наим Фрашери“. Касами и амбасадорот Денион Меидани делеа примероци од оваа книга во наставата по албански јазик.
По настанот Касами и Мејдани дадоа изјави за медиумите само на албански јазик. Превод не беше обезбеден за Мејдани, а Касами не даде изјава на македонски јазик.
Медиумите на албански јазик пренесоа дека амбасадорот Мејдани рекол дека букварот е повеќе од дидактичка алатка за да им помогне на учениците да го научат јазикот, како и дека се прават неопходни чекори за да букварот се направи главниот дидактички материјал и во Албанија и во Косово. Градоначалникот на Тетово Билал Касами истакнал дека во наредниот период ќе работат овој буквар да стане главен материјал за учење, а ќе продолжат и другите училишни учебници согласно законите во Македонија да се усогласат со Албанија и Косово.
Ова е втор пат јавно Касами да дели од овој буквар. Прв пат тоа го направи на почетокот на учебната година.
-Тој ќе биде поделен на сите училишта со образование на албански јазик и ќе биде користен како дополнителен материјал и сигурно ние ќе работиме во следниот период, тоа да се намали да биде и учебник кој ќе биде користен од сите ученици не само во Македонија, нели како што е и одлуката за сите Албанци. Тоа е учебник, унифициран за сите Албанци во Албанија, Косово, Македонија и секаде кај што живеат Албанците. Тоа е буквар со што Албанците првачиња ги учат буквите, рече Биљал Касами на 2 септември.