Куманово, денеска беше домаќин на трката за мир, глобална штафетна трка. Ученици и спортисти ја проследија манифестацијата која промовира мир, единство, пријателство и разбирање на градскиот плоштад. Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски рече дека на светот му е потребен мир.
- Во овие моменти мирот е најпотребен во целиот свет. Токму од овде од наше мултиетничко, солидарно Куманово праќаме порака до сите, сите да дадеме придонес за мирот во светот, бидејќи и Куманово е еден од градовите член на Асоцијацијата градови носители на порака на мирот. Факелот нека продолжи да кружи низ светот со порака идните генерации да живеат во слога и мир, рече Димитриевски.
Составена е од интернационален тим маратонци-волонтери, трката има за цел да промовира меѓународен мир,. Учесниците поминуваат низ скоро сите држави во светот поврзувајќи ги луѓето од различните континенти, држави.
Националниот координатор на трката за мир, Тодорка Петровска посочи дека трката е на меѓународно ниво и нема натпреварувачки карактер.
-Моментално ја трчаме европската рута, поминуваме низ европските земји, трката траеше шест месеци. и наскоро ќе заврши во Унгарија. Имаме околу дваесетина тркачи, интернационлентим Нов Зеланд, Мексико, Латвија, Украина, … Во Куманово се вративме после десет години. Лично учествував на трка во Северна Америка, кажа Петровска.
Од основањето во 1987 година, „Трката за Мир“ патува преку повеќе од 150 нации. Во Европа, се одржува секои две години, посетува 49 земји и поминува 24.000 км. Во земјава се одржува од 1991 година. Во координација со Европската рута, Трката за Мир настојува да помине низ што повеќе општини, да поврзе што повеќе градови и факелот да стигне до што повеќе луѓе кои ќе ја пренесат својата порака за мир.