Навивачи на Реал Сосиедад му се закануваа со смрт на фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, за време на неделниот натпревар од шпанското првенство, објавија денеска француските медиуми.

Французинот Гризман, кој во минатото го носеше дресот на Реал Сосиедад, беше пречекан во непријателска атмосфера на теренот каде првпат се појави во дресот на противничкиот тим, Атлетико. Навивачите на Реал Сосиедад му скандираа „Умри“ и „Гризман е мртов“.

Францускиот напаѓач, кој неодамна се повлече од репрезентацијата, при секој контакт со топката беше исвиркуван од трибините.

Ваквото однесување го натера раководството на Реал Сосиедад на големите екрани на стадионот за време на натпреварот да ја пренесе пораката „Не на расистичките песни, ксенофобијата и нетрпеливоста. Охрабрете ја и поддржете ја екипата, но почитувајте го противникот“. Пораката наиде на негодување од домашните навивачи и беше исвиркана од трибините



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2024 04:23