Состојбата во филијалата во Битола е алармантна пред се од кадровски потенцијал, но и според бројот на нерешени предмети, изјави директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Никола Мемов денеска на прес - конференција во Битола.

Мемов потврди дека има решение за настанатиот проблем кој, како што рече, настанал затоа што Фондот во изминатите дваесеттина години систематски и системски е уништуван во вид на инфраструктура од кадровски аспект.

- Горлив е проблемот со состојбите во филијалата-Битола на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за што бев лично информиран и од потпретседателката на македонското Собрание Весна Бендевска. Имаме решение и затоа сакам да ги уверам граѓаните на Битола дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во полна функционалност ќе ги извршува функциите, и сите осигуреници, корисници на пензија ќе ги добијат сопствените услуги. Оваа ситуација е настаната затоа што Фондот во изминатите дваесеттина години систематски и системски е уништуван во вид на инфраструктура од кадровски аспект. Тоа значи дека имаме функционален дизбаланс во бројот на вработени како во дирекцијата во Скопје, така и во филијалите низ цела држава. Филијалите во Тетово, Гостивар, Куманово и Кичево се кадровски пополнети со процент поголем од 90 насто, додека филијалите во Битола, Прилеп, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес се со пополнетост помала од мининално потребното за нивно функционирање, посочи Мемов.

Тој потенцира дека на 30 јуни оваа година прекинат им е договорот за дело на повеќе од 200 вработени во Фондот, а од нив само во Битола биле ангажирани четворица извршители, додека во филијалите во Тетово имало 21, во Куманово 23 договори на дело, а само во централата во Скопје биле ангажирани над 80 луѓе.

- Несоодветствува бројот на вработени во филијалите со бројот на предмети што се како барање на корисиниците и за надминување на оваа ситуација, ние како нов менаџмент, нема да се жалиме туку ќе ги решиме овие проблеми затоа што имаме решенија. Итно ќе побараме согласност од Министерството за финансии во Битола да бидат ангажирани минимум 5 извршители затоа што активниот број на предмети во Битола 380 и во овој момент итните ќе се решаваат во градот, а поголем дел ќе бидат прераспределени во другите филијали низ државата. Ако имаме дизбаланс во кадровскиот потенцијал, тогаш ние можеме да направиме баланс со решавање на предметите за што веќе е направен протокол за трансфер на предметите од Битола во Тетово, Гостивар или Куманово за да се решат. Граѓаните на Битола треба да бидат спокојни затоа што сите предмети ќе бидат решени во законскиот рок од 30 дена, изјави Мемов.

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Никола Мемов за време на посетата на Битола изврши увид на хотелот „Битола“ кој е во сопственост на Фондот, а со цел решевање и на како што рече наследениот проблем



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2024 05:10