Во рамки на своите теренски активности в.д директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, заедно со градоначалникот на Велес Марко Колев денеска направија увид на градежните активностите за рехабилитација на патните правци Р1102 делница Башино село-Велес и Р1312 делница Башино Sело-мост на Вардар-Велес.
Овие патни правци транзитираат низ градот и во моментов се работи на делниците кои се влез во Велес.
Од ЈПДП соопштија дека се изведуваат градежни работи во вредност од 44 милиони денари, обезбедени од ЈПДП во програмата за инвестиционо одржување на државните патишта. Рехабилитација на овие патни правци ја изведува ЈПМакедонија пат Велес.
Градоначалникот Марко Колев на својот фејсбук профил објави дека заедно со пратениците и претседателот на Советот, со в.д директорот на ЈПДП Коце Трајановски, биле на увид на терен и при тоа разговарале за клучните потреби на велешани, за кои Општината понатаму останува отворена за соработка со ЈПДП и сите државни институции.
Колев најавува решавање на останатите долгогодишните проблеми на велешани