Германскиот тренер Јирген Клоп го коментираше неговото назначување на функцијата „Фудбалски шеф“ во Ред Бул.
- Да се биде дел од ваков проект по речиси 25 години тренерска работа не е ништо повозбудливо. Иако мојата улога се промени, мојата страст за фудбалот и луѓето кои се вклучени не се промени. Работејќи во Ред Бул на глобално ниво, сакам да ги развивам и поддржувам нашите неверојатни играчи. Ја гледам мојата улога како ментор за тренери и менаџери на клубови во системот на Ред Бул, изјави Клоп.
Според „Скај Спорт“, Клоп ќе биде одговорен за развојната стратегија на РБ Лајпциг, Салцбург, Њујорк Ред Булс и други тимови од франшизата на Ред Бул. Педесет и седумгодишниот Германец ќе започне со работа на 1 јануари 2025 година.
Клоп ќе има и опција да го раскине долгогодишниот договор доколку добие покана да стане селектор на германската репрезентација