Ерлинг Халанд постигна два гола во триумфот на Норвешка над Словенија (3:0), испишувајќи историја во дресот на оваа скандинавска репрезентација.

Халанд со вечерашните голови стигна до квотата од 34 гола во репрезентацијата, со што стана најдобар стрелец во историјата на Норвешка.

Претходен рекордер беше Јорген Јуве, кој за националниот тим постигна 33 гола.

Првиот гол Халанд го постигна во седмата минута и им донесе предност на Скандинавците од 1:0. Напаѓачот на Манчестер Сити потоа имаше асистенција за голот на Серлот во 52. минута, а десет минути подоцна двајцата напаѓачи ги заменија улогите за 3:0.

Со него Халанд стана рекордер по број на голови во дресот со националниот амблем, а нема дилема дека во иднина одличниот стрелец дополнително ќе го засили својот учинок.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2024 03:15