Во Велес од денеска до 13 октомври започнува традиционалниот фестивал на велешка пита и македонски вина „Питиjaда“ 2024, во организација на Општина Велес заедно со велешките ресторани и винарии од Повардарието. Фестивалот како и во изминатите неколку години стартува во 17:45 часот на бината во близина на гимназијата „Кочо Рацин“ со настапот на најмалите – дечињата од Детските градинки „Димче Мирчев“.
Програмата ќе продолжи со сечење на Џиновската пита. Потоа е забавно - музичкиот дел со настап на група „Соната“, Бојана Скендеровски, Слаткаристика и последни од првата вечер ќе настапат Суперхикс.
Вториот ден во сабота од 11 часот претпладне ќе има изложба на стари автомобили - олдтајмери, во организација на здружението "Kings of the streets" ќе бидат поставени на главната улица „Благој Ѓорев“ на потегот од кружен тек „Авона“ до Стоковната „Бос“.
Во сабота вечер ќе има настап на естрадни ѕвезди меѓу кои и српската музичка ѕвезда Саша Ковачевиќ.
Во рамките на годинашната „Питијада“ 2024 ќе има и „Базар на домашни ракотворби и велосипедско возење во недела во организација на здружението „Велес бајкинг" за сите љубители на велосипедизмот ќе се одржи и XI рекреативна велосипедска тура "Велес mtb tour 2024", која ќе започне во 10 часот од винарија Шато Сопот Македонија.
Инаку велешката пита пастрмајлија има традиција уште од далечната 1869 година