Крилниот напаѓач на англиската фудбалска репрезентација Букајо Сака се врати во Арсенал за дополнителни медицински прегледи поради повредата на ногата и ќе го пропушти утрешниот натпревар од Лигата на нации против Финска, соопшти денеска Фудбалската федерација на Англија (ФА).

Сака принудно го напушти теренот во 51. минута во поразот на Англија со 2-1 од Грција на Вембли во четвртокот.

Привремениот селектор на Англија, Ли Карсли, изјави дека Сака ја повредил ногата.

Англија на дуелот во Хелсинки ќе биде и без играчот од средниот ред на Ливерпул, Кертис Џонс, кој се повлече од лични причини, се додава во соопштението на ФА.

Англија по три кола е на второто место на табелата во групата Б2, со три бодови помалку од Грција.

Повредата на Сака е удар за Арсенал бидејќи се повреди и нивниот капитен Мартин Одегард.

Тимот на Микел Артета игра со Бурнмаут во Премиер лигата следната сабота.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2024 22:14