Доскорешниот фудбалер на Ливерпул, Жоел Матип, денеска објави крај на својата кариера на 33-годишна возраст.
Информацијата за пензионирањето на Матип ја пренесе Ливерпул преку клупската веб-страница.
Матип летово го напушти англискиот клуб за кој одигра 201 натпревари и постигна 11 голови.
Со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите (2019), Премиер лигата (2020), Суперкупот на Европа (2019), ФА Купот (2022), Лига купот (2022) и Комјунити Шилд (2022).
Камерунскиот дефанзивец пред да дојде во Ливерпул настапуваше за Шалке за кој одигра 258 натпревари и постигна 23 голови, а го освои германскиот Куп и Суперкуп.
Матип за репрезентацијата на Камерун одигра 27 натпревари и постигна еден гол, а за својата земја настапи на светските првенства во 2010 и 2014 година