Спортскиот директор на премиерлигашот Манчестер Сити, Чики Бегиристајн, ќе престане да ја извршува функцијата на крајот од оваа сезона, соопшти денеска актуелниот англиски фудбалски првак. „По освојувањето на бројни трофеи во изминатите 12 години на „Етихад“, Чики ќе ја напушти сегашната улога по завршувањето на Светското клупско првенство следната година. Со нетрпение очекуваме да му одадеме почит на Чики за извонредниот придонес во Манчестер Сити на крајот од сезоната“, се наведува во клупското соопштение.

На должноста спортски директор на Сити на местото на Бегиристајн ќе дојде сегашниот спортски директор на португалски Спортинг, Уго Вијан.

Бегиристајн му се приклучи на Сити во 2012 година, откако беше спортски директор на Барселона од 2003 до 2010 година, и со англискиот клуб освои седум титули во Премиер лигата, како и Лигата на шампиони во 2023 година



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2024 22:49