Раководството на Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста да го назначи поранешниот предводник на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ за нов тренер на местото на Ерик тен Хаг, објави денескаTransfer News Live.
Според изворот, 41-годишниот Терзиќ е вклучен во листата кандидати за улогата на нов тренер на клубот од „Олд Трафорд“.
Борусија минатата сезона под водство на Терзиќ стигна до финалето во Лигата на шампиони во кое загуби од Реал Мадрид (0:2).
Тен Хаг е на чело на Манчестер Јунајтед од летото 2022 година. Сезонава екипата се наоѓа на 14 место на табелата во Премиер лигата со осум бодови од седум натпревари