Македонскиот каратист Стефан Стојановиќ го освои денеска бронзениот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и младинци кое се одржува во Венеција.

Стојановиќ во категоријата над 84 килограми за каратисти до 21 година во борбата за бронзениот медал беше поуспешен од Германецот Николаи Секот со 3-2.

Македонскиот каратист до бронзата дојде со пресврт, откако противникот водеше со 2-0.

На патот до медалот Стојановиќ забележа победи на Алишер Таижан, (1-0), Константин Ковуров (2-1) и Етан Смол (4-1), а неговата борба за пласман во финалето против Матео Анванзини заврши 3-3, но пласман во финалето обезбеди италијанскиот каратист поради правилото „прв освоен поен“



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2024 05:44