Во рамките на „Питијадата“ 2024 денеска се одржа 11 по ред Рекреативна велосипедска тура „Велес МТВ TOUR 2024 која ја организира Здружението „Велес Бајкиг,во која настапија повеќе рекреативци од сите возрасти.Стартот беше кај Винарија Шато Сопот Македонија.

Во забавниот дел на „Питијадата“ денеска на бината кај Гимназија настапија децата пеачи од Детскиот фестивал „Поточиња“.

Вечерва во 18 часот на бината на „Питијадата“ 2024 ќе пее Огнен Здравковски веднаш потоа од 19.30 популарниот македонскиот пејач на народни песни Благоја Грујовски, во 21.15 часот ќе настапи и популарната Елена Ристеска. На крај на третата и последна вечер и програмата на годинашната „Питијада“ 2024 во 23 часот ќе настапи и групата „С.А.Р.С.

Во рамки на програмата на годинашната „Питијадата“ 2024 од 11 до 13 октомври, сите три дена на влезот кај Гимназијата се одржува и Саемот на рачни изработки.

Синоќа пред неколку илјадната публика кај бината кај Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес во рамките на „Питијада“ 2024 концерт одржа популарната српска музичка ѕвезда Саша Ковачевиќ. Освен од Велес имаше и гости од повеќе градови и населени места во земјава кои вчера беа во Велес на оваа традиционална манифестација да се угостат со вкусна велешка пита пастрмајлија и се напијат квалитетни вина, а голем дел од нив потоа останаа и вечерта да ја проследат богатата музичка програма. Во програмата синоќа настапија Спасен Силјановски, Александра Јанев, Мики Секуловски.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2024 05:45