Македонско хрватско друштво „Марко Марулиќ“-Битола одбележа 30. години од формирањето на Хрватскиот културен центар во овој град.
На јубилејната прослава учествуваа актери на Младински сатиричен театар од Славонски Брод кои синоќа ги одиграа претставите „Децата од Павловата улица“ од Ференц Молнар и „Љубов на прв поглед“ од Фадил Хаџиќ, и двете во режија на Силвио Стилиновиќ.
-Нашата програма е создадена за секој да се запознае со хрватското културно наследство, хрватскиот јазичен идентитет и да стекне нови пријатели, истакна Бранко Маретиќ, претседател на Хрватскиот културен центар во Битола.
Младинскиот сатиричен театар е формиран во 2006 година и, како што беше речено, е еден од столбовите на општествениот живот во Славонски Брод.
Гостите на театарската вечер во Битола ги поздрави Стјепан Домјанчиќ, воено аташе при Хрватската амбасада во Скопје.