Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола може да го продолжи договорот со клубот на уште една година.
Според „The Telegraph“, ова е најверојатното сценарио и покрај гласините дека Шпанецот би можел да ја предводи Англија.
Актуелниот договор на Гвардиола со Манчестер сити е до крајот на јуни 2025 година. Раководството на „Граѓаните“ би сакало да склучи подолгорочен договор, но ќе биде задоволно доколку Шпанецот потпише договор на уште една година.
Гвардиола е на чело на Манчестер сити од јули 2016 година. Заедно со тимот шест пати стана шампион на Англија, четири пати го освои англискиот Лига куп, три пати Суперкупот и два пати националниот куп. Има и титула во Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.