Напаѓачот на Монца, Даниел Малдини, дебитираше за италијанската фудбалска репрезентација на синоќешниот натпревар од Лигата на нации против Израел (4:1).

Фудбалерот влезе како замена во 74. минута од натпреварот наместо Џакомо Распадори.

Даниел е третиот фудбалер од семејството Малдини кој настапува за репрезентацијата на Италија. Неговиот дедо Чезаре одигра 14 натпревари за националниот тим помеѓу 1958 и 1963 година. Таткото на Даниел, Паоло, има 126 настапи за Италија во периодот од 1988 до 2002 година, а освои сребрени и бронзени медали на Светските и Европските првенства.

Чезаре и Паоло Малдини се во Куќата на славните на италијанскиот фудбал.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2024 17:45