Д-р Павлина Велкова, специјалист по социјална медицина и јавно здравје е нова в.д. директорка на Центар за јавно здравје Велес, која министерот за здравство Арбен Таравари ја именувал на 4 октомври годинава. Велкова доаѓа на местото на досегашната директорка Богданка Јорданова.

Оваа јавна здравствена установа ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес попознат како Хигиенски е регионален центар кој освен за Велес и велешко ги покрива и отсеците од целото Повардарието во Кавадарци, Неготино, Свети Николе и Гевгелија со околните градови и населени места.

Велкова е дипломец на медицински науки во 2003 година и на почетокот на 2004 година ја започнува професионалната кариера како матичен лекар во амбулантата на ПЗУ „Саномак“ во Велес каде работи 15 години.

Во Центар за јавно здравје се вработила во 2019 година како oпшт лекар и по едногодишна работа добила специјализација за социјална медицина и јавно здравје за што потоа и специјализирала



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2024 04:43