Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели кариерата ќе ја продолжи во Италија.
Напаѓачот се враќа во татковината каде ќе го носи дресот на Џенова. Фудбалерот и клубот успешно ги завршија преговорите, а Балотели потпиша договор до крајот на сезоната. Ќе наплати сума од 300.000 евра.
Се очекува договорот да биде официјално објавен по следниот натпревар на Џенова, бидејќи иднината на тренерот на тимот Алберто Џилардино воопшто не е сигурна.
Балотели последен пат играше за турската Адана Демирспор, но договорот му истече и не беше продолжен. Тоа значи дека напаѓачот ќе премине во тимот на Џенова како слободен играч