Репрезентативците на Македонија до 21 година беа поразени на гости против Грузија со 2:1 во дуел од квалификациите за Европското првенство кое ќе се игра во 2025 година.
Избраниците на Драган Канатларовски поведоа со голот Исаки, но Грузија успеа да направи пресврт и со головите на Гордезијани и Ломинадѕе да слават со конечни 2:1.
Македонија го заврши овој квалификацискиот циклус со четири победи и шест порази што беше доволно само за четвртата позиција на табелата со освоени вкупно 12 бодови