Албанската опозициска, Демократска партија, ја менува стратегијата на одржување на протести во знак на незадоволство од актуелната власт.

Наместо пред Владата во Тирана, како што тоа до сега го правеше, сега протест ќе одржи пред Европскиот парламент. Во веста под наслов „Без преседан-пратениците на ДП го преместуваат протестот пред Европскиот парламент“ Ора њуз наведува дека протестот ќе се одржи на 23 овој месец.

-На 23-ти октомври мнозинството од пратеничката група ќе биде во Стразбур, за да протестираат пред вратите на Европскиот парламент, каде се надеваат дека ќе им се придружи и албанската дијаспора. Се очекува тие да имаат средби со претставници на Европскиот парламент и европратеници. Пратениците ќе патуваат на сопствена сметка, наведува телевизијата.

Додава дека пратениците ќе ја „осудат политичката ситуација во државата како и политичките апсења и затворања што се случуваат во редовите на опозицијата“.

Опозицијата, последниот националниот протест во организација на опозициските демократи, го одржаа во Тирана на 7 месецов, под мотото „Марширање кон Тирана - или денеска или никогаш“.

Најавија дека ќе „протестираат се додека не замине нарко владата“.

Учесниците фрлаа молотови коктели, запаливи средства и тврди предмети врз владата, седиштето на владејачката социјалистичка партија и други институции, при што беа повредени 10 полицајци



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2024 04:35