Три лица загинаа, а пет се повредени во сообраќајката што се случи попладнево на автопатот Скопје - Велес, велат од МВР за МИА. Несреќата е пријавена во 17.45 часот, а до неа дошло откако на автопатот Скопје - Велес, пред тунелот, се превртело комбе.

-До сега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На лице место се упатени полициски екипи и јавен обвинител, изјавија од МВР за МИА.

Според АМСМ, поради сообраќајката се блокирани двете сообраќајни ленти на автопатот Скопје - Велес. Сообраќајот е во прекин од 17.45 часот и се пренасочува преку Петровец - Велес (по стариот пат), Миладиновци - Св.Николе - Велес - Штип



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2024 05:09