Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР вечерва вршат увид на лице место на сообраќајна несреќа на автопатот Скопје - Велес, информира ЈОРМ.

На местото на несреќата е повикан и сообраќаен вештак за утврдување на причините.

Според ЈОРМ, се преземаат увидни дејствија, а јавниот обвинител ќе ги издаде сите потребни наредби за вештачења.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2024 05:10