Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со услови за слаб локален дожд. Потоа следува период на стабилно и тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.