Во посета на Бигорскиот манастир беше Неговото Преосвештенство Епископ Липљански г. Доситеј, викар на Патријархот српски г. г. Порфириј.

- Во отсуство на Старецот на Обителта, преосвештениот епископ Антаниски г. Партениј, со негов благослов, ценетиот архиереј и неговата придружба беа достоинствено пречекани од манастирскиот економ Архимандрит Доситеј и од присутните браќа во Манастирот, информираа од Бигорскиот манастир.

Додаваат дека по свеченото иподохи и многулетието во храмот, драгиот гостин бил примен во големиот синодикон, каде што разговарал со Архимандритот Доситеј за животот во манастирот.

Исто така, отец Доситеј го запознал со главните содржини на манастирот, вклучувајќи ја Книгохранителницата, каде високиот гостин се запишал во книгата за впечатоци.

- Благодарен Му сум на Бога и на Свети Јован Претеча што се удостоив на посетата и што се поклонив на Бога во оваа света и многу древна Обител. Му благодарам и на Неговото Преосвештенство г. Партениј и на целото во Христова братство негово, за укажаната љубов и гостопримство, запишал Митрополитот г. Епископ Липљански г. Доситеј.

Деновиве во Бигорски престојуваше г. Лукијан Будимски и администратор Темишварски. Со оглед на тоа што тој за првпат доаѓа во овој манастир и нему му беше приреден официјален манастирски пречек – иподохи



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2024 03:56