Холандскиот играч за врска, Кевин Стротман објави крај на кариерата.
Стротман, чија кариера беше одбележана со сериозни повреди и не можеше целосно да го исполни својот потенцијал, престана да игра активно на 34 години.
– На кариерата и дојде крајот. Ти благодарам фудбал – напиша Стротман на социјалните мрежи.
Стротман е без клуб од јули годинава, а претходно играше за Спарта Ротердам, Утрехт, ПСВ, Рома, Олимпик Марсеј, Каљари и Џенова.
За холандската репрезентација од 2011 до 2019 година одигра 46 натпревари и постигна три гола.