Фондацијата „Бугарска меморија“ од денеска и во наредните два дена, организира бесплатни медицински прегледи во општина Пустец, што е втора година по ред, по оние од септември минатата година.
- Иницијативата која е дел од Договорот меѓу Албанија и Бугарија за соработка во областа на здравството е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Здравствениот дом во Пустец, како и на бугарското Министерство за надворешни работи, претставено од Амбасада на Република Бугарија во Тирана. Целта на иницијативата е да се подобри квалитетот на здравствената заштита на жителите на општината, преку понуда на специјализирани медицински услуги, објави Ора њуз.
Според истиот извор и сега оваа активност се спроведува заедно со медицинскиот тим на Кардиоваскуларниот центар при „Аџибадем сити клиника Токуда“ (Acibadem City Clinic Tokuda) - една од најсовремените болници за лекување на кардиоваскуларни заболувања во Бугарија.
- На чело на тимот е светски познатиот кардиолог проф. Иво Петров, кој е национален кардиолошки консултант на Бугарија. Со него се специјалисти-интернисти, отоларинголози и офталмолози од Универзитетската болница „Свети Иван Рилски“ во Софија, како и д-р Алдин Али – специјалист по кардиологија и интерна медицина, сопственик на Медицинскиот центар „Хајделберг“, наведува телевизијата.
Прегледите се реализираат во Здравствениот дом во Пустец, каде ќе бидат контролирана и состојбата на пациентите прегледани пред една година, кога беше реализирана првата иницијатива на фондацијата „Бугарска меморија“ за бесплатни посети (во септември 2023 година).
- За оваа општина, фондацијата во 2023 и 2024 година донираше професионална медицинска опрема и потрошен материјал за Здравствениот дом, мебел и компјутерска опрема за новата општинска зграда, 24 клупи кои се поставени во центрите на селата, мобилна амбуланта, опремена со целиот неопходен мебел и опрема за медицински посети за потребите на жителите на селото Глобочени. Во јули 2020 година, донираше противпожарно, амбулантно и возило за социјални услуги на општина Пустец. Во јули 2020 година, донираше противпожарно, амбулантно и возило за социјални услуги на општина Пустец, објави Ора њуз.