„Добар ден и од мене, почитувани претставници на медиумите. Задоволство за мене претставува секогаш кога ќе бидам дел од ваков настан, каков што е овој да отпочнеме со една нова градба на основно училиште, каде што од тоа што успеав да го дознам од градоначалникот повеќе од 700 дечиња ќе можат да се стекнуваат со знаење.

Му честитам на градоначалникот, на советниците коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на пратениците коишто доаѓаат од овде, од Општина Гази Баба, на администрацијата којашто е секогаш тука да помогне во реализација на вакви проекти.

Ние заедно како Влада со Министерството за образование и наука ќе продолжиме да помагаме во ваков тип на објекти, капитални инвестиции. Образованието претставува наш фокус и образованието е основа за правилен раст и развој на децата, но истовремено и темел на којшто треба понатаму да се гради една држава.

Така што уште еднаш дозволете ми еве да го искажам моето огромно задоволство што мислам градоначалникот рече во рок од максимум две години, овде ќе биде изградена една нова претставителна со европски квалитет зграда во којашто повеќе од 700 дечиња ќе можат да стекнуваат знаења, да се дружат и да ги поминуваат своите ученички денови во ова основно училиште.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2024 04:32