Синоќа на сцената на Албанскиот театар во Скопје беше затворено 18-то издание на МТФ Скупифестивал, а во програма беше и се прикажа „Елементарни Честитки“ од Мајкл Уелбек, во режија и драматизација на Крис Шарков, играат: Теодора Духовникова, Жаклин Даскалова, Димитар Николлов, Мартин Димитров, Елена Иванова, Славена Зајкова, Дарина Радева. Продукција на Народен Tеатар Иван Вазов, Софија, Бугарија.

- За Елементарните честички на Мишел Велбек, важат сите синоними на зборот пркосен. Романот, кој му донесе светска слава, на провокативен, смел, арогантен, дури и навредлив начин ги открива проблемите на современото европско општество. Преку фасцинантните приказни на двајца браќа - пропаднат писател и светски признат научник-биолог, зборуваме за љубовта во ерата на супер-технологијата. Прашањата се поставуваат со смелост, но и со идеалистички поглед на иднината на народот.Предизвик е да се донесе на сцена роман толку важен за разбирање на процесите на новото време. Ироничен и парадоксално лирски е пристапот на тимот, кој одговара на разбирањето на авторот. Осуден да живее, човекот лесно раскинува со минатото и само учи да ги препознава звуците на иднината.Претставата е општествена дистопија која се прашува дали во еден дехуманизиран свет човекот ја задржува својата способност да сака. Одговорот се бара со патување наназад и напред во времето. Носители се драматургот,режисерот и актерите, а за кои авторот Велбек е важен водич во разбирањето на новата парадигма, соопштија од МТФ Скупифестивал.

Жирито составено од : театарската критичарка Хандан Салта од Турција, актерката Дрита Каба Карага и Кети Дончевска Илиќ од Македонија, ја додели оваа награда за најдобра престава на фестивалот “1984” од авторот Џорџ Орвел во режија Игор Менџиски, а во продукција на Косовскиот национален театар од Приштина.

Специјалната награда „Луран Ахмети” жирито го даде за актерките Селма Алиспахиќ и Хелена Вуковиќ од преставата „Гидионов Јазол”, автор Џона Адамс, режија Селма Алиспахиќ во продукција на Интремецо и фестивалот МЕСС Сараево, Босна и Херцеговина.

МТФ Скупифестивал ја даде и специјалната награда за најдобра режија за преставата „Елементарни Честички” од Мишел Уелбек, режија Крис Шарков, од националниот бугарскии театар Иван Вазов од Софиа.

Во програмата Скупифестивал се одигра и претставата „Деца од Прашина”, од независниот театар цие. Toula Limnaios од Берлин, Германија, се прикажа монодрамата „Нижински“ од L'Amphitheater & Oh DA! Букурешт, Романија.

И оваа едиција Скупифестивал имаше во програмата и театарска работилница, со режисерката Сенем Џехвер од Турција, главна тема на оваа работилница беше интерпретација со маски.

И оваа година МТФ Скупифестивал беше поддржан од Министерството за култура, Бугарскиот Културен Информативен Центар во Скопје, Гете Институт, Телеком на Македонија, весникот КОХА, телевизија АлсатМ и радио телевизија на Македонија.

МТФ Скупифестивал: директор Музбајдин Ќамили - Мучи, претседател на уметнички совет Сенко Велинов, уметнички директор Осман Ахмети, членови Куштрим Бектеши, Бетим Зеќири, координатор Џанер Мусиќ, дизајн на Егра.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2024 04:50