Интер Мајами како најдоброрангирана екипа од МЛС лигата ќе биде 31-виот учесник на Светското клупско првенство на ФИФА кое ќе се игра во САД од 15 јуни до 13 јули 2025 година.
Оваа вест претседателот на ФИФА, Џани Инфантино директно му ја потврди на сопственикот на клубот Дејвид Бекам по натпреварот против Њу Ингланд, кој заврши со победа од 6:2 со „хет-трик“ на Лионел Меси.
Интер ќе биде гостин-домаќин на отворањето на Светското првенство на својот стадион, а последниот 32. учесник ќе биде познат по финалето на Копа Либертадорес во декември. Во конкуренција се Атлетико Минеиро, Пењарол, Ботафого, Олимпија Асунсион и Ривер Плата, која веќе се квалификуваше.
Доколку Аргентинците го освојат Копа Либертадорес, победникот на Копа Судамерикана ќе оди на Светското првенство.
Пласман на Светското првенство во фудбал обезбедија:
КОНКАКАФ: Монтереј, Леон, Пачука (Мексико), Сиетл, Интер Мајами (САД).
КОНМЕБОЛ: Палмеирас, Фламенго, Флуминенсе, Бока Јуниорс, Ривер Плата.
УЕФА: Челси, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн, ПСЖ, Дортмунд, Порто, Атлетико Мадрид, Бенфика, Јувентус, Ред Бул Салцбург.
АЗИЈА: Ал Хилал, Урава Ред Дајмондс, Ал Аин.
АФРИКА: Ал Ахли, Видал Казабланка, Есперанца, Мемелоди.
ОКЕАНИЈА: Окленд.