Со претставата „Народен непријател“, Македонскиот народен театар вечер ќе биде дел од Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ што се одржува во БиХ.
Претставата е од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ. Играат Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.
Фестивалската програма ќе трае од 17 до 25 октомври, а за Македонскиот народен театар ова е второ учество на овој фестивал