Во Салон 19:19 во Скопје вечер премиерно ќе биде изведена песната „Збогум младост моја“, по текст и композиција на Александар Прокопиев а во изведба на Бранислав Николов, Гоце Јованоски и Александар Прокопиев.
Како што е најавено, покрај песната ќе бидат изведени и песните од „Пијан Славеј“ и неколку песни од проектот „Реобмислување“.
Збогум младост моја“ е посвета на Влада Дивљан, фронтменот на групата „Идоли“, со кого Александар Прокопиев свирел заедно во неговата белградска фаза. Песната дури и е изведена, во осумдесеттите, на живи свирки во Белград, а сега, со македонски текст, повторно снимена во Битола и дел во „Алшар“ во Скопје. Песната е во издание на „Прозарт медиа“.