Тимот на Алкалоид успешно стартуваше на Европскиот шаховски клупски куп, кој се игра во Врњачка Бања, Србија. Совладана е Васа од Шведска со 5,5:0,5.
Победи за македонскиот шампион остварија: Еригаиси Ајрун, Филип Панчевски, Веи Ји, Нарануан С.Л и Ју Јангји, додека Велимир Ивиќ ремизираше.
На овогодинешното издание на највисокото клупско натпреварување во светот, учествуваат рекорден број - 84 екипи во машка конкуренција, а ШК Алкалоид на стартната листа, според просечен рејтинг на играчите 2730, е второрангирана екипа.
Следен противник на шахистите на Алкалоид е екипата од Словачка Черо Инвест Нитра.