Екипата на Њујорк за прв пат во историјата стана шампион на женската НБА-лига.
Кошаркарката на Либерти, Џонкел Џонс е прогласена за најкорисна - МВП на финалето.
Џонс имаше просек од 17,8 поени, 7,6 скока и 2,2 асистенции во финалната серија против Минесота (3-2).
Во решавачкиот петти натпревар (67:62) одигран ноќеска, Џонкел постигна 17 поени, 6 скока, 1 асистенција и 2 украдени топки.