Белоруската тенисерка Арина Сабаленка од повторно е прв светски рекет. ВТА денес ја објави ажурирана верзија на ранг-листата во сингл, во која Сабаленка ја престигна Ига Швјонтек од Полска.

-Број еден... Да видиме колку ќе трае ова, напиша Сабаленка на социјалните мрежи.

Претходно, 26-годишната Белорусинка ја предводеше ВТА ранг-листата од 11 септември до 5 ноември 2023 година.

Сабаленка е лидер со 9.706 бода, Швјонтек има 9.665, трета е Коко Гауф од САД со 5.963



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2024 17:10