Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип, Дејан Мираковски и директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Дејан Станков денеска потпишаа меморандум за соработка. Ректорот на УГД-Штип, Мираковски истакна дека многу е значјна оваа соработка за научниците, универзитетските професори и студентите да можат директно да соработуваат со професионалците од ДЗС.
-Статистиката е многу важна, да се увиди фактичката состојба и да се направат подобри основи за истражување и подобри решенија за проблемите, вели Мираковски.
Директорот на ДЗС, Станков додаде дека оваа соработка е важна, бидејќи и студентите се едни од најголемите корисници на статистички податоци, коишто се објавени на веб страницата.
-Но, исто така и за истражувачите, понапредните истражувачи, за коишто овозможуваме пристап до анализирани микро податоци во нашата заштитена соба. Истовремено втората причина е што на вчерашниот ден на 20 октомври се одбележа Европскиот ден на статистиката, под слоганот „Официјални статистики прозорец за разбирање на општеството“, изјави Станков.
Проректорот на УГД, Дарко Лазаров истакна дека како Универзитет е значајно не само теоретските, туку потребно е практично проширување на знаењето и вештините на студентите.