Почна вакцинација против сезонски грип во Центарот за јавно здравје Куманово, (ЦЈЗ) информираа денеска надлежните од јавната здравствена установа. Денеска пријавени се 280 лица за вакцинација. Четирите пункта каде што се спроведува вакинациjata против грип се наоѓаат во просториите на Центарот за јавно здравје.

- Во ЦЈЗ Куманово пристигнаа 2.000 дози на вакцина, наменети за различни категории коишто се пријавиле на веб страницата хронично болните, лица над 65, здравствени работници. Од денеска почна вакцинацијата, имаме добар одзив, пријавени се 280 лица. Пријавените ги има на закажан термин и си доаѓаат навремено. Претходно има општ лекарски преглед и епидемиолошка анкета во зависност од нивната здравствена состојба, изјави доктор Јадранка Стаменковска, началник на епидемиологија од ЦЈЗ Куманово.

Термините се пуштени до крајот на неделата, од идната работна недела се очекува да бидат пуштени нови термини.

- Важно е да се спомене дека сите пунктови се во просториите на Центарот за јавно здравје, додава Стаменковска.

Комерцијалните вакцини годинава чинат 700 денари, станува збор за лица кои самите се пријавуваат и обично доаѓаат од сектори каде што има има интензивни контакти со луѓе. ЦЈЗ Куманово набави 200 т.н. комерцијални вакцини.

Работното време е од 08 до 14 часот, за лицата кои се пријавиле преку веб страницата, додека за комерцијалните вакцини е од 7 до 15 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2024 19:25