Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике ги сподели своите очекувања за натпреварот од фудбалската Лига на шампионите против ПСВ.

- Очекуваме тежок натпревар. Тоа е толку отворен натпревар што се може да се случи. Поддршката од навивачите ќе биде многу важна. Не е лесно да се процени нивото на противникот. Треба да се види и дали играш дома или на гости, тоа менува се. Без сомнение, ПСВ е противник на многу високо ниво. Тие се силни во своето првенство и имаат неверојатна статистика. Играат високо, притискаат многу, тие се тим кој е храбар. Исто така знаат добро да се бранат, изјави Енрике на официјалната веб-страница на ПСЖ.

Натпреварот помеѓу ПСЖ и ПСВ ќе се игра вечер во Париз со почеток во 21 часот.

По првите две кола во Лигата на шампионите, ПСЖ има три бода, додека ПСВ е со само еден бод.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2024 15:47