Тренерот на Барселона, Ханси Флик, го пофали Рафиња по синоќешната победа над Баерн (4:1) во натпреварот од 3. коло од главната фаза во Лигата на шампионите.
Најзаслужен за победата на Каталонците беше Рафиња кој постигна хет-трик.
- Ниту еден од моите претходни тимови немаше играч како Рафиња. Тој дава се од себе на теренот. Целосно се посветува на играта. Тој е многу добар со и без топка, секогаш почнува да притиска и ги завршува нашите шанси, изјави Флик.
Барселона со шест бода се искачи на 10. место во поредокот во Лигата на шампионите. Баерн е на 23. место со три бода.