Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски беше асистент при двата гола за Динамо Загреб во синоќешната гостинска победа над Салцбург со 2:0.

Ова беше дуел од 3. коло во Лигата на шампионите.

Хрватскиот тим поведе во 49. минута со голот на Сандро Куленовиќ, а победата ја потврди Бруно Петковиќ во 84. минута.

За Динамо во почетниот состав беше уште еден поранешен македонски репрезентативец – Аријан Адеми кој одигра 59 минути.

Од 66.минута Динамо играше со фудбалер повеќе по исклучувањето на домашниот голман Александер Шлагер кој играше со рака надвор од шеснаесетникот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2024 17:03