Македонската репрезентација бележи прогрес од три позиции на најновата ранг-листа на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објавена денес.

„Црвено-жолтите“ од 72-то се искачија на 69. место. Напредокот се должи на двете победи (против Летонија и со Ерменија) во октомврискиот циклус од квалификациите во Лигата на нации.

Лидер во поредокот е Аргентина, следуваат Франција и Шпанија. Во Топ 10 се уште и: Англија, Бразил, Белгија, Португалија, Холандија, Италија и Колумбија.

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 28 ноември



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2024 18:44