Целта на Владата, на Општина Велес и на Министерството за економија и труд е да овозможиме преку подобрување на законските регулативи создавање на добра политичка клима и атмосфера која за жал изостануваше претходниот период и која ќе овозможи привлекување на странски инвестиции, отворање нови работни места, и овозможување на домашните компании мали, средни или големи да ги прошируваат своите капацитети, функционирање на правниот систем, враќање на довербата кон граѓаните кон државата. Воедно и да се спречи голем одлив на работно способни млади луѓе од земјава, а кој ни се случуваше во изминатите 7-8 години, потенцира на денешната прес -конференција заменик министерот за економија и трид Марјан Ристески при денешната посета на Општина Велес.

Тој попладнево се сретна со градоначалникот Марко Колев, со претставници на велешките приватни фирми, со претставниците на Занаетчиската комора и велешките парламентарци. Целта на средбата беше да се презентираат пред приватниот сектор неколку закони кои се во работна верзија,а нивните забелешки да се вградат во нив, а со цел пофункционални закони во земјава.

Ристески информира дека денеска ќе го промовираат новиот Закон за нефер трговски практики, кој е еден од суштинските закони кој кренал многу пршина во медиумите.

-Но иста така ќе имаме и прашања и одговори за постојаните активни мерки кои ги имаме за развој на малите и средните претпријатија, развој на претприемништвото, бизнис ангели и развој на занаетчиството во Македонија и продолжување и други прашања, појасни заменик министерот Ристески.

Воедно информира дека на средбата ќе ги соопштат резултатите од есенската и училишната кошничка, како и синдикалната минимална кошничка.

-Целта на Владата и на Министерството за економија и труд беше стабилизирање на цените кои имаат еден голем галопирачки „од“ во претходниот период на штета на грбот на граѓаните и една многу голема инфлација која до пред година- две, во поедини моменти достигнуваше и до 20 отсто, рече Ристески

Воедно, како што посочи, преку подобрување и стабилизирање на состојбата со брутално потрошениот буџет во претходниот период во овој краток период го стабилизиравме, исплативме плати пред се на најголемите јавни претпријатија и компани: Македонски шуми и Македонски Железници каде повеќе месеци на ред вработените чекаа исплата на плати.

-Воедно најавуваме и покачување на платите во зависност на развојот на економската состојба и нејзино подобрување на продуктивноста. Како што повеќе ќе се полни буџетот, така и ние како Влада во соработка со синдикатите и работодавачите ќе овозможиме платите постепено да растат и во приватниот и во јавниот сектор, најави заменик министерот Ристески.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2024 20:37