Жорди Алба е изненаден што Лионел Меси не е номиниран за Златната топка 2024.
-Никогаш не и придавав големо значење на „Златната топка“, но за мене Лео секогаш беше меѓу претендентите. Тој продолжува да има одлучувачко влијание на натпреварите. Меси е најдобриот фудбалер во светот кога настапува на своето највисоко ниво и нема сомнеж во тоа, изјави дефанзивецот на Интер Мајами и соиграч на Меси.
Наградата за најдобар фудбалер на годината ќе се додели на 28 октомври во Париз.
„Марка“ неодамна објави дека Винисиус Жуниор од Реал Мадрид ќе го добие престижното признание.