Македонскиот тенисер Калин Ивановски оствари голем триумф на стартот од квалификациите на Челинџер 125 турнирот во Братислава, Словачка.

Ивановски во два сета, два пати на тај-брејк (7:6(4) 7:6(3)) го совлада Американецот Александар Ковачевиќ кој се наоѓа на 99. место на АТП листата.

Мечот траеше еден час и 40 минути.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2024 04:41