Асфалтиран дел од улицата „Цар Самоил“ во Штип информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој истакна дека по подолг временски период се рехабилитираа илјада метри квадратни од оваа улица, а во наредниот период е предвидено и продолжување на опфатот. Реализацијата на овој проект е во рамки на Програмата за градежно уредување, по барање на жителите, и за истиот се одвоени над 1,5 милиони денари.
-Во текот на изминатите два дена се работеше на улицата „Цар Самоил“ со нанесување на асфалтна маса. Опфатени се повеќе од илјада метри квадратни асфалтна маса со што се рехабилитираше улицата. Предвидено е продолжување на опфатот каде ќе се нанесува асфалтна маса и со тоа ќе се опфатат десетина нови домаќинства кои ќе добијат уреден пристап до своите домови, изјави Јорданов.
Штипскиот градоначалник вели дека градежни активности има на повеќе локации во населбите.