Џез Фабрика фестивал-ЏФФ Битола е зачленет во светската мрежа на Арт фестивали, основана во 2017 година со мисија за зајакнување на глобалната културна размена, културна соработка, учење и споделување искуства.

Одлуката за прием на битолскиот фестибвал е донесена на Меѓународна конференција што се одржа во Шангај, Кина.

Во рамки на конференцијата, видео презентација за фестивалот и Општина Битола приреди директорот на ЏФФ професот м-р Сашо Поповски, кој ги запозна присутните седумстотини делегати, со формата, моделот и реализацијата на фестивалот како и можностите за културна соработка на Општина Битола со останатите фестивали и градови претставувани од делегатите учесници на конференцијата, соопштија од ЏФФ Битола.

На конференцијата во Шангај учествуваа и БОЖАР-Белгија, Делхи интернационален арт фестивал-Индија, Националниот театар на Панама, Зимски интернационален фестивал Сочи-Русија, ИХРА Саудиска Арабија, Преформинг арт митинг Јокохама Јапонија и други.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2024 01:13