Тренерот на Наполи, Антонио Конте, е задоволен од атмосферата во тимот и подготвеноста на сите фудбалери да се стават во функција на остварување добри резултати.
- Она што ме прави горд е што за само четири месеци успеавме да создадеме кохезивен тим каде што мислиме на тимот, а не на индивидуалните играчи. Ова е еден од најдобрите тимови што сум ги имал во кариерата - сите имаат иста визија и исти намери, од клупските челници до медицинскиот персонал. Сето ова создава прекрасна атмосфера. Јас дишам во таа страст и ентузијазам, па кога сум во таа средина, тоа ја вади страста и во мене. Страста во Наполи е огромна одговорност и разбирам дека деновите по натпреварите може да бидат тешки доколку не победите. Ова е емотивно место каде што расположението може брзо да се промени, изјави Конте.
Тој побара да не се создава еуфорија по добриот старт во сезоната.
- Не заборавајте дека минатата сезона овој тим заостануваше 41 бод зад лидерот. Не криеме дека сакаме да ги оствариме соништата на навивачите на Наполи, но мораме и да бидеме приземни. Мило ми е што тимот работи добро, но мораме да бидеме подготвени и за неуспеси и грешки, изјави тренерот на Наполи во интервју за ДАЗН.
Наполи синоќа во 10. коло од серија А го победи Милан на гостински терен со 2:0 е се зацврсти на лидерската позиција со 25 бода.