Започна со изградба најголемиот мега парк на територија на општина Гази Баба кои се простира на површина од 10.000 метри квадратни во новата населба Хиподром 2.
Изградбата на мега паркот ја објави градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во видео обраќање на социјалните мрежи.
Градиме нов мега парк на површина од 10.000 метри квадратни. Продолжува нашата грижа кон животната средина, а дополнително создаваме простор на на кој граѓаните ќе имаат можност да спортуваат и рекреираат – изјави градоначалникот Стефковски.
Покрај зелената површина и урбаната опрема во паркот ќе се засадат и нови садници на дрва, а ќе се изгради и спортски терен за кошарка, како и фитнес зона на отворено.
Ова не е прв голем парк кој општина Гази Баба го гради. Изминатиот период нови зелени паркови се изградија во Триангла и Ченто.
Општина Гази Баба и во следниот период ќе продолжи со мапирање во населените места со цел изнаоѓање на нови просторни капацитети за подигање на нови зелени површини.