Највиското општинско признание, наградата за животно дело што ја доделува Општина Битола, годинава ќе му биде врачена на доајенот на Народниот театар од Битола, актерот Борис Чоревски.
Борис Чоревски (75) во својата кариера одиграл над 150 улоги, меѓу кои и Осман бег во „Македонска крвава свадба“, Барон Михаузен во „Минхаузан“, Јордан во „Печалбари“, а како што пролетоска изјави за МИА, за свој возбудлив почеток го смета настапот на Стериино позорје во Нови Сад кога во 1978 година битолскиот театар ја изведе претставата „Време за пеење“ од Петре М. Андреевски во режија на Слободан Унковски.
Наградата за животно дело на Чоревски ќе му биде доделена на 4 ноември, на Денот на ослободувањето на градот, настан за кој Општина Битола подготвува свечена академија