Во Годишниот извештај за напредокот на државава во делот за културата Европската комисија го наведува одложувањето да се усвојат измени на националното законодавство за култура - новата национална стратегија за 2023-2027 година за развој на културата и заштита на културното наследство.

ЕК укажува дека „културното наследство на земјата треба подобро да се чува“ и треба да се разгледаат натамошни напори за зајакнување на институционалниот одговор и меѓуинституционалната соработка за заштита на местата на културно наследство, како што е Старата скопска чаршија.

-Министерството за култура треба да ги зајакне капацитетите за заштита и промоција на различноста на културните изрази во земјата, вклучително и наследството. Извештајот на Државниот завод за ревизија ја откри потребата од зајакнување на правниот и оперативниот систем на Агенцијата за филм на земјата, се наведува во документот.

Нотирано е и дека Северна Македонија продолжила целосно да учествува во програмата на ЕУ „Креативна Европа“.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2024 15:48